Утрински Весник
Магазин

Алесандра Амброзио со моќен стајлинг на црвениот тепих на „АМФАР“

Алесандра Амброзио со моќен стајлинг на црвениот тепих на „АМФАР“

Алесандра Амброзио, Парис Џексон, Камила Мендес и Џена Деван беа само некои од познатите фигури од забавната индустрија на свечената гала „амФАР 2021“ во Лос Анџелес во четвртокот навечер.

Годишниот ѕвезден настан во организација на Американската фондација за истражување на сидата има за цел да собере средства за истражување, превенција, едукација и заговарање јавна политика во врска со СИДА.

Настанот е еден од најгламурозните, каде познатите донираат пари за да помогнат да се подигне свеста и да се поддржи битката против оваа болест.

Амброзио (40) се појави на црвениот тепих на галата во„Пацифик дизајн центарот“во необичен мрежест фустан прелиен со накит од рамениците до долниот раб.

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret изгледа прекрасно каде и да се појави.

Можете да прочитате

По East Gate Mall, BALFIN тргнува во нова експанзија – ќе гради пет ритејл паркови низ Македонија

Кога е време да размислите за користење слушен апарат? 

Дневен хороскоп за 17 Септември 2026 година