Утрински Весник
Македонија

Скопјанец се преврте со трактор и почина

Скопјанец се преврте со трактор и почина

Седумдесет и двегодишен жител на скопското село Горно Коњари се превртел со трактор и починал.

Според информациите, несреќата се случила вчера во атар на с.Горно Коњари, скопско, на место викано „Долг рид“, кога И.С. управувајќи трактор „имт“ се превртел и паднал, а за кусо време им подлегнал на повредите.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот