Утрински Весник
Македонија

Во Козле хоспитализирани 19 деца, едно е на кислородна поддршка

Во Козле хоспитализирани 19 деца, едно е на кислородна поддршка

На Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9 до 16 години, еден пациент е на кислородна поддршка, а сите други се со лесна клиничка слика, информира Министерството за здравство.

Од таму наведуваат дека ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем „Мој термин“, досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12 до 17 години примиле една доза вакцина против Ковид-19, а со две дози се вакцинирани 4.860 малолетници.

Можете да прочитате

Хоџа: Зелената агенда мора да премине од заложби кон конкретни резултати за граѓаните од Западен Балкан

СДСМ: Во уште четири села забранета вода за пиење, Мицкоски и Клековски ја отруја Македонија

Уапсени две лица, палеле кабли кај Буково