Утрински Весник
Македонија

Од тестирани 1.323 ученици, шест биле позитивни на коронавирус

Од тестирани 1.323 ученици, шест биле позитивни на коронавирус

Од тестирани 1.323 ученици во Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, шест биле позитивни на коронавирус, објави Министерството за здравство.

„Од тестирани 1.323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1.317 ученици биле негативни на тестот“, информира МЗ.

За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците, од Министерството за здравство велат дека ќе ја објават целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот Ковид-19 меѓу учениците во училиштата.

Можете да прочитате

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат 

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ