Утрински Весник
Спорт

Крис Пол е трет најдобар асистент во НБА на сите времиња!

Крис Пол е трет најдобар асистент во НБА на сите времиња!

Кошаркарот на Феникс Санс – Крис Пол стана третиот најдобар асистент во историјата на НБА лигата.

Општо познато е дека Пол е еден од најдобрите плејмејкери, а ноќеска уфрли 14 поени, имаше 7 скока и подели дури 18 асистенции во победата на Санси против „пеликаните“.

Сега Пол има 10.346 асистенции, веднаш зад живите легенди Џон Стоктон (15.806) и Џејсон Кид (12.091).
„Голема привилегија е да се гледа кошаркарска величина како Крис Пол“ рече тренерот на Феникс, Монти Вилијамс.

И рекордерот имаше свој коментар:

„Многу ми значи ова. Му благодарам на Бог за се, а посебно на можноста да сум дел од оваа лига, да играм и да пишувам историја. Сепак, тоа не го земам здраво за готово“ рече популарниот CP3.

Тој е 45-от најдобар стрелец во НБА, но и прв играч во лигата со 20.000 поени и 10.000 асистенции.

> Крис Пол е трет најдобар асистент во НБА на сите времиња! <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0