Утрински Весник
Магазин

(Видео) Том Хенкс и Кејлеб Лендри Џонс на премиерата на „Финч“

(Видео) Том Хенкс и Кејлеб Лендри Џонс на премиерата на „Финч“

Двократниот оскаровец Том Хенкс повторно се соедини со својот колега Кејлеб Лендри Џонс на премиерата на филмот„Финч“ на компанијата „Епл ориџинал филмс“, а во кој двајцата се главни протагонисти.

Свечената проекција се одржа во Пацифик-дизајн центарот во западен Холивуд во вторникот.

Во постапокалиптичната научно-фантастична драма, Том е инженер за роботика кој се обидува да преживее во нов постапокалиптичен свет, чија површина и население се десеткувани од разорен блесок на сонцето. Откако преживува една деценија во подземен бункер заедно со своето куче Гудијер, тој успева да направи робот (Кејлеб) за да се грижи за кучето по неговата смрт.

Андроидот на Хенкс тргнува на пат кон Сан Франциско со кучето и со инженерот за да најадат засолниште од претстојна смртоносна бура. Патувањето е исполнето со многу предизвици откако катаклизмичниот сончев настан ја остави Земјата во пустош.

Филмот ќе биде достапен на стриминг-платформата Епл ТВ-плус од 5 ноември.

Можете да прочитате

Зошто жените живеат пет години подолго

Од Хановер до Кина, 18.000 километри на велосипед низ 19 држави – луѓето се најпријатното изненадување

Како Месечината влијае во 12-те куќи: Од љубов и кариера до судбински предизвици