Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Конте само набљудувач на тренингот на Тотенхем поради работната дозвола

Конте само набљудувач на тренингот на Тотенхем поради работната дозвола
300x250 opst2

Антонио Конте денеска го одработи првиот тренинг со Тотенхем, но италијанските медиуми тврдат дека е можно тој да не биде на клупата на лондонскиот клуб на мечот од Конференциската лига против холандскиот Витесе поради проблеми со работната дозвола.

Иако веќе ја има освоено Премиерлигата со Челси, правилата за работни дозволи за држави од ЕУ се сменија во Велика Британија по „Брегзит“ и сега тој мора да почека да заврши бирократската процедура.

52-годишниот Конте само ја „набљудуваше“ тренинг-сесијата на Тотенхем, но не го предводеше тимот, ниту техички ја организираше. Според „Ла газета дело спорт“, тој нема да биде на прес-конференцијата за дуелот со Витесе, ниту на клупата, но целта е во текот на викендот да дебитира со Евертон на гости. Првиот меч во Лондон ќе биде дури на 21 ноември по интернационалната пауза.

> Конте само набљудувач на тренингот на Тотенхем поради работната дозвола <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН