Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Владата ја усвои новата Стратегија за вработување, која предвидува невработеноста да падне на 11%

Владата ја усвои новата Стратегија за вработување, која предвидува невработеноста да падне на 11%
Img 7972

Владата ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план.

Согласно трендовите на закрепнувањето на економијата и на пазарот на трудот, спроведувањето на Стратегијата е предвидено во две фази, од кои првата е пред сè фокусирана на ублажување на негативните последици на пандемијата врз вработувањето и воведување на потребните реформи за почеток на втората фаза (од 2024 до 2027 година) на политиките, која е попрогресивна и насочена кон приближување до Стратегијата за вработување на Европската Унија.

Според проекциите за вработеноста, стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти, додека стапката на невработеност ќе опадне на 11 проценти за работоспособното население.

Националната стратегија за вработување е придружена и со Гаранцијата за млади, чиј план за спроведување ќе се преформулира во 2022 година за да се земе предвид постигнатиот напредок, влијанието на пандемијата врз вработувањето на младите и прилагодувањата воведени во Програмата за поддршка на младите на ЕУ со што се очекува значително поголемо вработување на младите.

Можете да прочитате

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација

Денеска во Скопје дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025