Утрински Весник
Магазин

Ѕвездите во паника по хакерскиот напад: меѓу жртвите се Бекам, Алек Болдвин, Том Хенкс и Тамара Еклстоун

Ѕвездите во паника по хакерскиот напад: меѓу жртвите се Бекам, Алек Болдвин, Том Хенкс и Тамара Еклстоун
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руска хакерска група, наводно, добила пристап до лични податоци на филмски ѕвезди, светски лидери и милијардери со хакирање на ексклузивната лондонска златарница, компанијата за накит „Граф“.

Десетици личности од т.н. А-листа беа цел на масовните хакерски напади. Хакерите објавија голем број чувствителни податоци кои се однесуваат на Опра Винфри, Доналд Трамп, Дејвид Бекам и многу други.

 

Хакерите тврдат дека ова е само мал дел од податоците, фајловите и датотеките кои вклучуваат списоци на различни клиенти, банкарски сметки, меѓу кои има и сметки за подароци за љубовници.

Зад нападите стои озлогласената руска хакерска банда „Конти“, а сега бара десетици милиони фунти за да се запре објавувањето на податоците, пишува „Дејли мејл“.

Експертите тврдат дека ќе бараат пари во валута што не може да се следи, па дури и скапоцености и накит.

Меѓу жртвите има дури 600 Британци, меѓу кои Тамара Еклстоун- наследничката на Формула 1, фудбалските ѕвезди Френк Лампард и Дејвид Бекам, тајкунот милијардер сер Филип Грин… а меѓу Американците се поранешниот претседател Доналд Трамп, актерите Семјуел Л. Џексон, Том Хенкс, Алек Болдвин, ТВ-водителката Опра Винфри.

Можете да прочитате

Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам

Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели