Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Заев поднесе оставка за да не биде прифатена

(Видео) Ковачки: Заев поднесе оставка за да не биде прифатена

Oставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност, коментира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека оставката на премиерот се уште не е доставена во Парламентот.

„Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност“, рече Ковачки.

Според него, СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Вели дека она што сега го прави СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите. Ковачки порача дека Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана, па затоа е време за промени.

Можете да прочитате

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Два автомобили запалени во скопски Карпош

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово