Утрински Весник
Македонија

Владата ќе ја одржи редовната 117-та седница

Владата ќе ја одржи редовната 117-та седница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 117-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Владата ќе ја разгледа и ќе ја стави на усвојување и Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план за вработување.

На дневниот ред на оваа седница, меѓу другото, е Информацијата за напредок во имплементацијата на Вториот проект за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2021 година.

На предлог на Министерството за надворешни работи, денеска пред министрите ќе се најде и Предлог-законот за ратификација на договорите меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини, како и Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Можете да прочитате

Блокада поради смогот: Градот се гуши, институциите молчат

Спасовски: Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот

Советничката група на СДСМ го поддржа протестот против цементарницата Усје