Утрински Весник
Магазин

Алек Болдвин: Се случуваат незгоди на филмски сетови, но ништо слично на ова

Алек Болдвин: Се случуваат незгоди на филмски сетови, но ништо слично на ова
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со нетрпение чекаме канцеларијата на шерифот да ни каже што утврдила нивната истрага, им рече Алек Болдвин на новинарите кои заедно со фотографи и камермани неуморно го следат деновиве обидувајќи се да добијат коментар во врска со трагичниот инцидент, а во саботата успеаа да извлечат куса изјава кога тој застана со својот автомобил покрај пат.

„Шокантната смрт на снимателката Халина Хачинс е една во трилион случаи. Таа ми беше пријателка“, вели Алек Болдвин на снимката што ја емитуваше „ТМЗ“ во саботата., додавајќи дека поддржува ограничувања за употребата на вистинско оружје во филмови и ТВ серии.

Болдвин и неговата сопруга разговараа со новинарите кои ги пресретнаа во еден мал град во Вермонт во саботата, негово прво појавување пред камера по смртта на Хачин.

Во кусиот разговор, прв откако случајно ја застрела снимателката со пиштол за кој му беше кажано дека не е наполнет, тој нагласи дека добил инструкции да не ја коментира истрагата од властите во Санта Фе, Ново Мексико.

„Не смеам да давам никакви коментари бидејќи истрагата е во тек“, им рече актерот на новинарите.

„Одвреме навреме се случуваат незгоди на филмски сетови, но ништо слично на ова. Ваква несреќа е една во трилион.“

Тој нагласи дека се залага регулаторите да преземат мерки за ограничено користење боева муниција на снимањето сцени со пукање.

Трагичниот инцидент се случи на 21 октомври, кога Болдвин испука пиштол наполнет со вистински куршум за време на проба на сет. На Болдвин му било кажано дека пиштолот е безбеден.

Засега не е покренато обвинение против никого, а канцеларијата на шерифот на Санта Фе соопшти дека ќе биде потребно време за да се заврши истрагата. Останува нејасно како боева муниција стигнала до сетот.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима