Утрински Весник
Свет

Напад со нож во воз во Јапонија, повредени 17 луѓе

Напад со нож во воз во Јапонија, повредени 17 луѓе
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во напад во воз во Токио, кој денеска го изврши маж вооружен со нож, повредени се 17 луѓе, од кои тројца потешко.

Напаѓачот прво со нож ранил неколку патници, а потоа предизвикал пожар, поради што патниците скокнале од прозорците, соопшти полицијата. Тој е идентификуван како 20-годишен маж, а е уапсен на лице место. Тој е осомничен за обид за убиство, а мотивот се уште не е познат.

Очевидци рекле на полицијата дека напаѓачот носел светла облека и дека изгледал како лик од стрипови или некој што оди на прослава на Ноќта на вештерките.

Откако ги избодел патниците со нож, осомничениот истурил течност слична на масло и предизвикал пожар во кој изгорел дел од седиштата.

Денешниот инцидент е втор напад со нож на воз во Токио во последните два месеци.

Во август, ден пред затворањето на Олимписките игри во Токио, 36-годишен маж избоде десет патници во воз. Подоцна и рекол на полицијата дека сакал да нападне жени кои изгледале среќни.

Можете да прочитате

Мјанмар ги одржува првите парламентарни избори по воениот удар во 2021 година

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура