Утрински Весник
Македонија

Неколку лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Скопје

Неколку лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Скопје

Вчера во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на место викано „Голубова куќа“, атар на с.Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Матејче и патничко моторно возило „форд“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ј.А.(65) од с.Никуштак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди“ З.И.(65) од с.Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од с.Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од с.Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Концерт по повод денот на жената ќе се одржи во филхармонија

Хоџа: Одложен процесот за избор на директор на АЕК

Телма открива за колку убиства се сомничи серискиот убиец од кумановско