Утрински Весник
Македонија

Приведен кумановец-превезувал мигранти од Куба

Приведен кумановец-превезувал мигранти од Куба

Синоќа во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба.

Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе биде поднесена соодветен поднесок, информираа надлежните.

Можете да прочитате

Владо Бучковски избран за претседател на Сенатот на УКИМ

Шест лица, меѓу нив и малолетник, лишени од слобода за безобѕирно управување во Штип

По 26 години се враќа Средното полициско училиште: МВР распиша конкурс за 200 ученици