Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Систем за електрична енергија од сонцето ќе биде поставен на покривот на ГТЦ

Систем за електрична енергија од сонцето ќе биде поставен на покривот на ГТЦ
300x250 opst2

АД ЕСМ и АД ГТЦ ќе градат систем за производство на електрична енергија од сонце на покривот на Градскиот трговски центар.

Фотоволтаиците ќе бидат поставени на кровниот простор кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот.

„Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар, ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување на кров на деловен објект“, велат од ЕСМ.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, посебно на сончева енергија.

Можете да прочитате

Тошковски од ГП „Табановце“: Со „One Stop“ системот неколкукратно намалено времето на чекање

„Мајка“ на Стругар Митевска селектиран на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио

Триумфално завршување на Балканската турнеја на НУ Ансамбл „Танец“