Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовска се заложи против градење на Водно: Таму нема да се закова ни шајка

Арсовска се заложи против градење на Водно: Таму нема да се закова ни шајка
Img 7972

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со граѓанското здружение „Го сакам Водно“, веднаш по нивниот повик преку кој од кандидатите за градоначалник на Скопје побараа гаранција дека ќе работат за заштита на планината.

На средбата Арсовска ги ислуша сугестиите и истакна дека за Водно не смее да има компромиси и дека решенијата ќе се креираат заеднички преку формирање на работен комитет од здруженијата, со професори и експерти кои ќе работат на сеопфатна заштита на Водно.

„Ќе се залагам за заштита на просторот со Закон и ќе го решам проблемот со појавување на нови градби на парк шумата, без да дозволам да се закова дури и една шајка. Во исто време проектот за Водно – зелен штит на Скопје ќе вклучува и пошумување со 100.000 садници автохтони видови дрвја годишно. Се предвидува и 24-часовна лупа на Водно, односно постојана грижа за парк шумата. Ќе има 24-часовна патрола на редари кои ќе се грижат за заштита на шумското и природно богатство како и за безбедноста на планинарите при несакани ситуации, повреда или слично”, посочи Арсовска.

На крајот од средбата, таа се обврза на заедничка соработка и континуирана комуникација со цел Водно да продолжи да биде зелена заштита за Скопје и скопјани.

Можете да прочитате

„Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет“

Јанески: Силата е во нас – со чесна работа да го обновиме Крушево

„Реквием“ на Моцарт ја отвора новата сезона на Националната опера и балет