Утрински Весник
Спорт

Димитриевски: Барса играше без страст, се гледа дека им фали Меси

Димитриевски: Барса играше без страст, се гледа дека им фали Меси

Столе Димитриевски и Радамел Фалкао ја режираа победата на Рајо Ваљекано над Барселона. Фалкао во 30.минута го постигна единствениот гол на натпреварот, додека Димитриевски ја одбрани предноста на Рајо во 72.минута, кога го одбрани пеналот на Мемфис Депај.

Овој пораз ја прели чашата на „Ноу Камп“, претседателот Џоан Лапорта му врачи отказ на тренерот Роналд Куман.

„Забележливо е дека Барселона не играше на највисокото ниво.За нас е најважно што одигравме одличен меч и што победивме. На теренот се гледаше дека немаше радост во фудбалерите на Барселона, во нивната игра нема страст. Веднаш се гледа дека многу им фали Лионел Меси“, изјавил по мечот Димитриевски.

> Димитриевски: Барса играше без страст, се гледа дека им фали Меси <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина