Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус
Img 7972

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според информациите од Министерството за здравство, младата пациентка имала хронично заболување јувенилен Diabetes Melitus Tipe 1 и не била вакцинирана.

Тегобите кај пациентката биле девет дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. Според лекарските извештаи, на 18.10, пацинетката за првпат побарала лекарски преглед во болницата Битола.Пациентката била донесена во болница со ниска сатурација, отежнато дишење и болки во телото и мускулите.

Овие симптоми пациентката ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош во болницата во Битола.

Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка. За пациентката, поради тежината на состојбата, возраста и коморбидитетите, веднаш е организиран транспорт на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

На 19.10 пациентката со возило на Итна Помош е донесена на Клиниката во многу тешка состојба. Во тек на престојот дошло до прогресивно влошување на состојбата, а во текот на вчерашниот дена драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање.

„И покрај сите превземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката денеска во раните утрински часови почина“, велат од МЗ.

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“