Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитров на Безбедносниот форум во Белград: Берлинскиот процес го врати фокусот на ЕУ кон регионот

Димитров на Безбедносниот форум во Белград: Берлинскиот процес го врати фокусот на ЕУ кон регионот
Img 7972

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска на Белградскиот безбедносен форум зборуваше на панелот „Берлински процес – Што следи?“. Дискусијата се фокусираше на целите на придонесот на Берлинскиот процес во одржувањето на темпото на реформскиот процес во регионот во контекст на европската интеграција, но и во поконкретните области на регионална соработка, со цел да се развијат идните модалитети за негово оптимизирање во светло на случувањата на динамичната европска сцена.

Вицепремиерот Димитров посочи дека Берлинскиот процес не беше воведен како засебен процес туку силно врзан со зајакнување на процесот на проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, и од политички аспект – поради силното германско лидерство, и во пракса – со оглед на областите и регионалните иницијативи развиени во соработка со Европската комисија и земјите членки.

„Крајната визија на Берлинскиот процес – да придонесе кон создавање мирна, стабилна и просперитетна иднина на регионот не е возможно да се оствари доколку се изземе европската перспектива. Опсегот и длабочината на постигнатите резултати се движи од политички самити на високо ниво до конкретни, опипливи резултати кои носат придобивки за граѓаните – како што е укинувањето на роамингот во регионот и младинската соработка преку RYCO“ рече Димитров.

Берлинскиот процес го врати фокусот на ЕУ кон регионот, но проблемот со кредибилитетот на ЕУ сé уште опстојува, довербата на граѓаните опаѓа заедно со надежта дека европската иднина е остварлива. Регионот во иднина мора да покаже дека проширувањето има додадена вредност за Унијата и носи решенија наместо проблеми, додека пак ЕУ треба да испрати порака дека изборот на европски ориентирани политики носи победа.“

Димитров нагласи дека регионалната соработка во иднина треба да биде надградена на приоритетите и областите што Берлинскиот процес ги промовира, но само како алатка за придвижување во процесот на пристапување, не како алтернатива бидејќи европската визија не може да биде заменета.

„За регионалната соработка да биде успешна, треба пред сé да биде регионална во инклузивна смисла и отворена за сите. Минатата година Северна Македонија и Бугарија заеднички заседаваа со Берлинскиот процес, со интенција да се истакнат овие елементи и да се зајакне одговорноста во однос на резултатите. Економското поврзување е важно и иницијативите како „Отворен Балкан“ се надоврзуваат на целите на Берлинскиот процес, следната можност за процесот да испорача конкретни резултати е заедничкиот регионален пазар. Но сето ова не е и не може да биде алтернатива на европската интеграција на регионот“ додаде тој.

На панелот учествуваа и европратеничката Виола фон Крамон-Таубадел, како и претставници на тинк-тенк секторот во Европа: Кристијан Хагеман како заменик директор на Асоцијацијата на Југоисточна Европа (SOG) со седиште во Минхен, Игор Бандовиќ од Белградскиот центар за безбедносни политики и Зоран Нечев од Институтот за демократија – Скопје, додека пак модератор беше Макс Брандл, директор на Фридрих Еберт фондацијата во Белград.

Соговорниците се согласија дека Европската Унија треба да ја канализира посветеноста и поддршката за регионот преку конкретен исход и придвижување на процесот на проширување, особено во поглед на Северна Македонија со оглед на постигнатите резултати во исполнување на пристапните услови.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Филипче наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење

Касами: Ќе изградиме нова автобуска станица, ќе набавиме пет електрични автобуси и пет електрични минибуси