Откако Меган го роди Арчи, сите беа убедени дека тој ќе ја добие титулата според обичајот на кралското семејство, но тоа не се случи. Тогаш почнаа разни шпекулации, а сега се знае вистинската причина.
Медиумите често пишуваат за децата на принцот Хари (37) и Меган Маркл (40), особено за нивните титули. Од раѓањето на Арчи се дебатира дали тој ќе добие кралска титула, а истата тема сега се отвора и за сестра му Лилибет која се роди оваа година.
Откако Меган го роди Арчи во мај 2018 година, сите мислеа дека тој ќе ја добие титулата според обичаите на кралското семејство, но тоа не се случи. Во тоа време во странските медиуми се расправаше за можните причини, а една од теориите беше дека дворот така одлучил поради неговата боја на кожа.
„Од палатата велат дека нема врска со бојата на кожата. Според кралскиот протокол што го воведе кралот Џорџ Петти, титулата принц или принцеза може да ја добијат само оние кои се во директна линија на наследство,“ изјави тогаш близок извор на монархијата.
Имено, Арчи би можел да ја добие титулата Earl of Dumbarton (Гроф или Ерл од Дамбартон), но сè уште ја нема токму поради одлука на Хари и Меган, а сега е откриена и причината зошто.
Кралскиот експерт и биограф Ендрју Мортон во интервју за „Ју-ес викли“ зборуваше за причината. Тој објасни дека парот се откажал од титулата затоа што мислеле дека би можеле да го задеваат на училиште бидејќи неговата титула Earl of Dumbarton го содржела зборот dumb (што на англиски значи глуп).
„Хари и Меган беа против таа титула, мислеа дека ќе се исмеваат со Арчи,“ изјави авторот на книгата „Меган и разоткривање на монархијата: холивудска принцеза“.
„Тие не сакаа нивниот син да го задеваат во училиште, а јасно им го кажаа тоа и на семејството, па одлуката за преземање на титулата ќе ја препуштат на синот кога ќе порасне,“ вели биографот.