Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Белингем само за 120 милиони евра може да ја напушти Борусија

Белингем само за 120 милиони евра може да ја напушти Борусија
Img 7972

Џуд Белингам е еден од најталентираните млади фудбалери во светот. Англискиот репрезентативец е играч на Борусија Дортмунд. Во Германија се пресели во 2020 година од Бирмингем. Борусија за неговиот трансфер издвои 25 милиони евра.

Челниците на Борусија се свесни дека неколку клубови имаат желба да го видат 18-годишниот фудбалер во своите редови. Тој има договор со клубот до 2025 година, но доколку некој понуди сума што не се одбива, Борусија ќе ја прифати.

„Билд“ тврди дека Борусија нема да прифати понуда помала од 120 милиони евра.

За услугите на Белингем се заинтересирани Ливерпул и Манчестер јунајтед.

> Белингем само за 120 милиони евра може да ја напушти Борусија <

Можете да прочитате

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026