Утрински Весник
Свет

(Видео) Силно невреме ја погоди Сицилија – најмалку двајца загинати

(Видео) Силно невреме ја погоди Сицилија – најмалку двајца загинати

Најмалку две лица загинаа откако силно невреме го погоди јужниот италијански остров Сицилија и предизвика големи поплави околу градот Катанија.

Портпаролот на групата волонтери на „Мисерикордија“, кои им помагаат на полицијата и пожарникарите, изјави дека тело на маж е пронајдено под автомобил поради обилните дождови што го зафатија градот Гравина, северно од Катанија, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата ја потврдила смртта, но не соопштила повеќе детали.

Телото на 67-годишен маж е пронајдено вчера во шума далеку од местото каде што последен пат бил виден, па се претпоставува дека неговиот автомобил бил однесен од порој вода и кал југозападно од сицилијанскиот град Катанија.

Сопругата на повредениот се уште се води како исчезната, потврдија за репортерот на „Ројтерс“ од локалната брза помош.

Дождот поплави некои од најпознатите улици и плоштади во Катанија и предизвика прекин на електричната енергија во центарот на градот и поплави продавници, а училиштата беа затворени во градот и во голем број околни места. Поплавите го зафатија и одделението на болницата Гарибалди во Катанија, јавуваат медиумите.

Италијанскиот метеоролошки сајт Ilmeteo.it наведува дека делови од Сицилија и соседна Калабрија биле погодени од редок тропски циклон, познат како Медика, а морето било осум степени потопло од просекот за овој период од годината.

Невремето се очекува да го достигне врвот меѓу четврток и петок.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари