Утрински Весник
Македонија

Пациент натепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Пациент натепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Вработен во Психијатриската болница Демир Хисар бил нападнат од пациент додека бил на работното место.

„ На 25.10.2021 во Полициската станица Демир Хисар, лекар од Итна медицинска помош Демир Хисар пријавил дека кај нив помош побарал Р.П.(53) од с.Слепче, демирхисарско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад од пациент во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Демир Хисар, каде Р.П. бил вработен“ соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, нека ги достави доказите

ВЛЕН: Со Јакуп Хусеини на чело на Брвеница целиме кон 11-тата општина

И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван? прашува СДСМ