Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ: Арсовска е странска инсталација, цели 10 години има бугарско државјанство

(Видео) СДСМ: Арсовска е странска инсталација, цели 10 години има бугарско државјанство

На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска, рече на прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Потоа таа прикажа документ дека Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.

„Во ‘удостоверение’ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство“, нагласи Петровска, додавајќи дека цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина.

Претставничката на СДСМ јавно запраша кои побуди Арсовска побарала бугарско државјанство.

„За чии интереси одработувате? За унгарските? За бугарските? За оние на Груевски? Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија“, кажа Петровска нагласувајќи дека странски инсталации кои работат, како што рече, директно против интересите на граѓаните нема да поминат.

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога