Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температури до 17 степени

Сончево време со температури до 17 степени

Времето во текот на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје, наутро студено со услови за слаба утринска магла. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

И утре ќе се задржи претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ поддржува отворени листи

Кривична пријава против три лица за нелегална сеча во ЈУ Национален парк Маврово

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен