Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

На Харисон Форд му ја вратиле кредитната картичка што ја загубил во Сицилија

На Харисон Форд му ја вратиле кредитната картичка што ја загубил во Сицилија
300x250 opst2

Харисон Форд загубил кредитна картичка кога бил на кус одмор во Сицилија, Јужна Италија.

Ова се случило додека бил на пауза од снимањето на петтото продолжение на филмската сага „Индијана Џонс“. Но, поради доброто дело на германски турист, картичката му била вратена на холивудскиот ветеран.

Туристот ја пронашол во четвртокот, го забележал познатото име на актерот и ја предал на локалната полиција во Мондело, според „Асошиејтед прес“.

Крајбрежното гратче Мондело е всушност мала населба на градот Палермо, во Сицилија. Областа е позната по долгата песочна плажа и вилите во стилот на „Либерти“.

Полицајците му влегле во трага на 79-годишниот Форд и му ја вратиле кредитната картичка. Сè уште не е јасно дали воопшто бил свесен дека му ја нема.

Можете да прочитате

Апел за помош на младиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје кој соочува со леукемија

Судбоносни промени денес: Дневен хороскоп (01.10.2025)

Денеска се празнува Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит