Утрински Весник
Свет

Европските земји сакаат бодликави жици на границите

Европските земји сакаат бодликави жици на границите
Dik 300x250 mk

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја оцени како легитимна желбата да се заштитат границите среде мигрантската криза на полската граница.

Европските земји бараат помош од Европската унија за изградба на ѕидови од бодликава жица и спречување на масовното доаѓање на мигрантите.

Полска побара 350 милиони евра и мобилизираше илјадници војници на границата да подигнат ограда на границата со Белорусија.

На прашањето за потребата од таа ограда што ја изгради Полска, Зехофер зборуваше за весникот „Билд“.

„За нас се чини легитимно да ја заштитиме надворешната граница на ЕУ, за да спречиме нелегални преминувања“, рече германскиот министер.

Илјадници мигранти, главно од Блискиот Исток, се обидоа да ја преминат границата од август, во миграциски потег за кој ЕУ верува дека беше охрабрен од Белорусија како одговор на санкциите на Европската унија.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно