Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ревакцинирани се 46% од полнолетните граѓани

Ревакцинирани се 46% од полнолетните граѓани
Img 7972

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинации, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Од таму нагласуваат дека заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800, а трета доза примиле 5.666 граѓани.

54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се наведува во извештајот на Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности

Цигарите поскапеа за 10 денари по кутија

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице