Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Новинар во шок по одговорот на Анри: Најдобриот со кого си играл не е Меси?

Новинар во шок по одговорот на Анри: Најдобриот со кого си играл не е Меси?
300x250 opst2

Тиери Анри го шокирал новинарот на Си-би-ес, кога францускиот ас му кажал кој е најдобриот фудбалер со кого ја делел соблекувалната. Новинарот не го добил очекуваниот одговор, Лионел Меси, со кого Анри ја делеше соблекувалната во Барселона.

„Не е Меси, туку Денис Беркамп“, рекол Анри и објаснил.

„Додека сум жив ќе кажувам дека тој е најдобриот партнер што може да го има еден напаѓач. Тој е сон за секој голгетер. Тој човек секогаш го бираше вистинскиот потег. Можеше да постигне гол, да асистира да го почека вистинскиот момент. Секогаш ја почитуваше играта и соиграчите“, рекол Анри, кој покрај со Меси во Барселона играше со Иниеста, Роналдињо и Чави.

Беркамп го носеше дресот на Арсенал од 1995 до 2005 година. Анри и Беркамп заедно освоиле две титули во Премиер лигата и три во ФА купот.

> Новинар во шок по одговорот на Анри: Најдобриот со кого си играл не е Меси? <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент