Утрински Весник
Спорт

ПСЖ ќе го казнат Икарди за мамењето на сопругата и скандалот кој го предизвика

ПСЖ ќе го казнат Икарди за мамењето на сопругата и скандалот кој го предизвика

Мауро Икарди го очекува казна од неговиот клуб, Пари Сен-Жермен, иако засега тие јавно го поддржаа својот фудбалер по обвинувањата дека ја мамел неговата сопруга, Ванда Нара.

Нара, која исто така е агент на Икарди и го договараше неговиот трансфер од Интер во ПСЖ, го обвини сопругот јавно дека ја мамел со „курва“ и дека „уништил уште едно семејство“. По ова, ПСЖ му дозволија на Икарди да ги земе „слободни“ неделата и вторникот поради семејни причини и тој отпатува во Милано во обид да ја спаси врската.

28-годишниот Аргентинец, според последните информации, добил прошка од неговата сопруга, и според „Марка“ и „Ле паризиен“, и покрај поддршката на клубот, ќе следува и казна.

Ова нема да биде првпат ПСЖ да се „меша“ во личните работи на своите фудбалери – тие го отпуштија шпанскиот фудбалер Хесе Родригез исто така по скандалот кога тој ја мамеше неговата партнерка Аура Руиз.

> ПСЖ ќе го казнат Икарди за мамењето на сопругата и скандалот кој го предизвика <

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец