Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден велосипедист на паркинг простор во Скопје, бил удрен со отворена врата од возило

17-годишен велосипедист тешко повреден по удар од автомобил, сторителот побегнал

Велосипедист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако возач на автомобил го удрил со отворената врата од возилото на излегување.

Имено вчера во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Даме Груев“, на излез од паркинг простор, Г.Г.(57) од Скопје ја отворил предната врата од запрено патничко возило „даихатсу териос“, со скопски регистарски ознаки, при што удрил велосипед, управуван од Ц.В.(73) од Скопје.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација