Утрински Весник
Спорт

Арапските газди на Њукасл не сакаат арапска облека на „Сент Џејмс парк“

Арапските газди на Њукасл не сакаат арапска облека на „Сент Џејмс парк“

Новите сопственици на Њукасл, богатите инвеститори од ПИФ фондацијата на Саудиска Арабија, невообичаено побараа нивните навивачи да се воздржат од осење на традиционална арапска облека или покривки на главите од Блискиот Исток на своите мечеви.

На првиот меч под новите газди, 2:3 поразот од Тотенхем, на „Сент Џејмс парк“ дел од навивачите се појавија со традиционални арапски шамии и марами или слични импровизации.

„Клубот бара навивачите да се воздржат од носење на традицонални арапски облеки и покривки на главата инспирирани од Блискиот Исток доколку вообичаено не ги носат таквите облеки. Никој од новите сопственици не е навреден поради овој потег на навивачите, но постои можност тоа да е културно неприфатливо и да навреди други луѓе“, се вели во објавата на клубот.

> Арапските газди на Њукасл не сакаат арапска облека на „Сент Џејмс парк“ <

Можете да прочитате

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига

СП2026: Иранските фудбалери сè уште без американски визи