Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Центар: После 8 години власт на СДСМ имаме супер интензивна бетонизација, нема нови паркови и има сообраќаен хаос

Мицкоски од Центар: После 8 години власт на СДСМ имаме супер интензивна бетонизација, нема нови паркови и има сообраќаен хаос

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, претседателот Христијан Мицкоски истакна дека СДСМ е на власт во Центар цели осум години, ветуваа мораториум на градење, паркови и решавање на сообраќајниот хаос, а она кое центарци го добија е интензивна бетонизација и нула зеленило.

„ Овде СДСМ е на власт 8 години. Пред да дојдат на власт ветуваа мораториум на градењето, нови паркови и решавање на сообраќајниот хаос. После 8 години власт на СДСМ имаме супер интензивна бетонизација, немаме нови паркови и имаме сообраќаен хаос како никогаш порано. Без оглед кој е градоначалник од СДСМ, овие 8 години однесувањето им остана исто. Знаете ли каде е вистинскиот проблем со бетонизацијата и урбаната мафија? Затоа што постои пакт на криминалците со пари и нивните луѓе во политиката. Тој пакт раѓа бетон кој за граѓаните значи ограничување на нивната слобода, а за овие другите значи пари, рече Мицкоски.

Мицкоски увери дека тој и луѓето колку него никому не должат, и не прават пактови со криминалците.

„ Должиме само на народот кој мора да знае дека нема да дозволиме бетон кој ќе ја ограничува и одзема нивната слобода и нормалниот живот, вели Мицкоски.

Тој посочи граѓаните на Центар да ја поддржат професорката Наташа Котлар и Данела Арсовска за Скопје кои дами ќе обезбедат развој на општината и големи промени во градот Скопје.

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет