Утрински Весник
Магазин

Луѓето мислат дека имам 30 години: Не веруваат кога ќе им ја кажам мојата возраст

Луѓето мислат дека имам 30 години: Не веруваат кога ќе им ја кажам мојата возраст

Ако изгледате исто како на фотографиите од вашата матура, тоа значи дека имате среќа и дека најдобрите години се пред вас. Некои жени едноставно изгледаат подобро со годините бидејќи животот ги наградува со добри гени.

Една од овие жени е Лајза Лауриквин, медицинска сестра од Лондон, на која луѓето секојдневно ѝ даваат комплименти за нејзиниот изглед, постојано намалувајќи ја нејзината возраст за цели две децении.

Британката тврди дека никогаш немала ставано ботокс и дека нема никакви тајни за нејзиниот младешки изглед, додавајќи дека луѓето се изненадени кога ќе им каже колку е стара затоа што мислат дека е во раните триесетти години – што според неа е подеднакво „ласкаво и непријатно“.

Во реалноста, Лајза, која редовно се натпреварува на избори за убавина, е всушност дваесет години постара.

Оваа 52-годишна жена е категорична во тврдењето дека никогаш не ставала инјекции против брчки и има многу скромна рутина за нега на кожата. Таа објасни: „Понекогаш се чувствувам непријатно, а понекогаш сум горда на себе. Чувствувам како да добивам повеќе комплименти сега отколку кога бев помлада, што е лудо.“

„Каде и да одам, добивам пофални коментари. Луѓето кои не ме познаваат често мислат дека имам помеѓу 30 и 35 години. Им се заблагодарувам затоа што многу ми ласка. Дури и помлади мажи ми се обраќаат и се изненадени кога дознаваат дека сум доволно возрасна да им бидам мајка! ”

Која е нејзината тајна? Лajза вели дека се се сведува на добра шминка … и еден многу необичен совет: „Мојата рутина за кожата е многу секојдневна. Немам скапи работи затоа што сум алергична на многу производи. Колку поевтино, толку подобро. Никогаш не сум ставила ботокс или филери бидејќи премногу се плашам.“

„Носам шминка и вештачки трепки 80 проценти од времето. На секои три месеци преполовувам сочен компир и го тријам на усните. Не знам од каде потекнува оваа техника, но помага да изгледаат подебели. Тоа е добар и природен начин да добиете полни усни.“

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци