Утрински Весник
Спорт

Саудијците подготвуваат спектакл – Концерти на светски ѕвезди на трката во Џеда

Саудијците подготвуваат спектакл – Концерти на светски ѕвезди на трката во Џеда
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерната Ф1 трка во Саудиска Арабија, на 5.декември, ќе се одржи без ограничувања, објавија организаторите. Во продажба ќе бидат пуштени сите билети, и покрај тоа што претходно беше најавено дека ќе биде исполнет само 40 отсто од капацитетот на трибините.

Саудијците подготвуваат вистински спектакл. Ангажирале големи музички ѕвезди, кои ги предводи Џастин Бибер. Покрај него ќе настапат Џејсон Дерул, Дејвид Гета, Асап Роки и Тиесто.

Сите оние кои ќе купат карта за трката ќе можат да присуствуваат на концертите.

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе се вози во Џеда. Таа ќе биде претпоследна во сезоната. Последна трка е Абу Даби на 12.декември.

> Саудијците подготвуваат спектакл – Концерти на светски ѕвезди на трката во Џеда <

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја