Утрински Весник
Спорт

Лукас Ернандес на 28.октомври оди зад решетки

Лукас Ернандес на 28.октомври оди зад решетки

Вториот најскап фудбалер во историјата на Баерн Минхен, Лукас Ернандез, до 28.октомври мора да се јави на отслужување на затворската казна. Лукас е осуден на една година бидејќи ја прекршил судската забрана.

Лукас имал жестока расправија со сопругата Амелија, во февруари 2017 година. Тогаш се уште беше играч на Атлетико Мадрид. Тогаш судот го осуди на 31 ден општествено корисна работа и да се се доближува до сопругата.

Меѓутоа Лукас и Амелија се венчале и заминале на одмор во Мајами.

По враќањето во Мадрид, Лукс Ернандез беше уапсен.

Шпанскиот суд пред десет дена донесе одлука дека Лукас ќе мора да оди зад решетки бидејќи ја прекршил условната казна.

Францускиот репрезентативец денес доброволно се појавил пред судот во Мадрид и покрај тоа што сослушувањето е закажано за утре. Лукас ја обжалил одлуката на судот и го одбрал затворот каде што ќе ја служи казната, во случај жалбата да му биде одбиена.

Судот објави дека тој најдоцна до 28.октомври мора да се јави на отслужување на казната.

> Лукас Ернандес на 28.октомври оди зад решетки <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина