Утрински Весник
Македонија

Димитриевски со водство во Куманово

Maксим Димитриевски ќе настапи како независен кандидат, од СДСМ велат дека тој им свртел грб на граѓаните и партиското членство

Досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, е во убедливо водство за градоначалник на Куманово на локалните избори.

Според податоците од Државната изборна комисија, засега Димитриевски има 47 отсто од гласовите.

Зад него е Оливер Илиевски од СДСМ со 31,6 отсто од гласовите, а кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски има 17 отсто од досега преброените гласови.

Кога беше избран за градоначалник, на 15 октомври 2017 година, Димитриевски ја напушти пратеничката функција. Но, во екот на пандемијата, минатата година, кога Куманово беше најголемо жариште на ковид-19, дојде до несогласувања на Димитриевски со раководството на СДСМ, како и со тогашната техничка влада, на чело со Оливер Спасовски. За недоразборања со Димитриевски се зборуваше и по конгресот на СДСМ, кога кумановскиот градоначалник не влезе во листата на кандидати што ја подготви Заев за членови на новиот Централен одбор на партијата.

Димитриевски, откако беше исклучен од матичната партија, на локалните избори реши да се кандидира за втор мандат, но овојпат како независен кандидат.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши во стабилна здравствена состојба

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на ДКСК

Луксузни патувања, хотели и услуги- Ване Цветанов на удар на Обвинителството за корупција