Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Очекувам победа во првиот круг затоа што граѓаните знаат да препознаат што е најдобро за Скопје

Шилегов: Очекувам победа во првиот круг затоа што граѓаните знаат да препознаат што е најдобро за Скопје

Денес е празник за демократијата во Македонија и празник за демократијата во Скопје и скопските општини. Денес заедно со моето семејство ја исполнивме својата граѓанска должност и обврска да го дадеме својот глас, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов веднаш по гласањето.

„Имавме кампања којашто помина мирно и достоинствено, затоа очекувам и се надевам дека денешниот ден, односно овие избори ќе завршат мирно и демократски, впрочем онака како што заслужуваат сите граѓани на Република Северна Македонија“, потенцираше Шилегов.

„Бидејќи одзивот е онаков каков што очекуваме, а очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани може да препознаат кои се луѓето што овој град го водат напред и сето она што го направивме во изминатите четири години. Континуитетот за развој на Скопје е извесен и тоа е она што граѓаните ќе го изберат на овие избори“, кажа Шилегов.

Можете да прочитате

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија