Утрински Весник
Македонија

До 11 часот гласале 10,22 отсто од избирачите

До 11 часот гласале 10,22 отсто од избирачите
Dik 300x250 mk

До 11 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија, на гласање излегле 135.906 гласачи, односно одѕивот е 10,22%.

Највисок одѕив има во Новаци 25, 84 %, а следуваат Крива Паланка 20,44 %, Вевчани 18,61 %, Ловозо 17, 51 %, Кривогаштани 17,43%.

Најнизок одѕив до 11 часот имало во Врапчиште, каде според податоците кои досега стигнале во ДИК на гласање излегле 4,92 % од запишаните гласачи.

Портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугуческа извести дека гласањето тече на сите избирачки места. На одреден број избирачки места имало прекини поради проблеми со уредите за биометриска идентификација, за кои вели дека се веќе надминати.

Одѕивот до девет часот беше 3,28 отсто.

На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.

Можете да прочитате

Пијан возач удрил велосипедист – 24info.mk

„Сите за Палестина” на средба кај Претседателката Гордана Силјановска Давкова: Мора да покажете вистинска солидарност со Палестина

Бомба М75 поставена на автомобил во гаража на скопјанец, сопственикот добил заканувачки пораки!