Утрински Весник
Спорт

„Со ваква игра би го победиле Челси девет пати во десет натпревари“

„Со ваква игра би го победиле Челси девет пати во десет натпревари“

Челси, вчера, го победи Брентфорд со голот на Бен Чилвел во 45.минута. Дебитантот во Премиер лигата го надигра актуелниот европски првак. Имаа пет големи шанси, два пати погодија статива, а Челси победи од единствениот шут кон голот на Брентфорд.

Тренер, Брентфорд, Томас Франк, ги испофали своите фудбалери.

„Горд сум како игравме. Го лимитиравме европски првак на само пет удари кон нашиот гол. Тое е импресивно. Тие доминираа во првото полувреме, во второто ние ги растуривме. Мораме да продолжиме да играме вака“, рекол Франк и дополнил.

„Не можеа да излезат од својата половина. Имаа среќа, се извлекоа. Со ваква игра, би ги победиле во девет од десет натпревари. Одлично ги притиснавме со двајца напаѓачи, знаевме дека сме доминантни во скокот. Штета, но задоволен сум како игравме“.

Брентфорд се седми во Премиер лигата со 12 бодови.

> „Со ваква игра би го победиле Челси девет пати во десет натпревари“ <

Можете да прочитате

Почина Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите и спортски директор на КК Гостивар

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс