Утрински Весник
Македонија

Поведена постапка против лицето што вршело поткуп во Лозово

Поведена постапка против лицето што вршело поткуп во Лозово

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против лицето што вршело поткуп пред изборите. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот.

„ Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот“ навдува обвинителството.

Осомничениот е задржан во полициска станица. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.

Можете да прочитате

Сообраќаец кривично ќе одговара, наместо казна пуштил со опомена возач кој возел над 50 км/ч над дозволената брзина

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување