Утрински Весник
Свет

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, Сер Дејвид Ејмс денеска беше прободен со нож неколку пати по што почина, објавија британските медиуми.

Ејмс беше избоден неколку пати за време на неговиот говор на состанокот на локалниот одбор. Ејмс го претставува Западен Саутенд, во Есекс, и беше нападнат во методистичка црква во Ли-он-Си.

Британската полиција соопшти дека е уапсен човек кој го нападнал Ејмс, додавајќи дека тие не бараат други осомничени, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух

Иранските напади врз американски бази предизвикаа штета од 800 милиони долари

Во Германија масовно се краде дизел гориво