Утрински Весник
Спорт

Тричковски го продолжи договорот со АЕК

Тричковски го продолжи договорот со АЕК

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака. Клубот потврди дека Тричковски ќе остане во Ларнака до јуни 2024 година.

Тричковски стана член на АЕК во 2016 година. Досега одиграл 145 натпреварi, постигнал 84 гола.

Новата сезона ја отвори со шест гола во првите пет натпревари.

34-годишниот напаѓач кариерата ја започна во Вардар во 2004 година, потоа играл за Работнички, Црвена звезда, Еносис, АПОЕЛ, Бриж, Беверен, Ал Наср и Легија Варшава.

> Тричковски го продолжи договорот со АЕК <

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација