Утрински Весник
Македонија

Во Македонија активни се 6.602 случаи на коронавирус

Во Македонија активни се 6.602 случаи на коронавирус

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 421 нов случај на коронавирус, оздравени се 395 пациенти, а пријавени се осум починати лица, информира Министерството за здравство.

Направени се 2.900 тестирања.

Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица: три од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно починато лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирањана Ковид-19.

Можете да прочитате

Лукаревска до Јаневска: Кога сите ученици од училиштето „Киро Глигоров” ќе се вратат на настава со физичко присуство?

Ѓаволот осуден на условна казна од две години откако признал вина

Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот