Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 421 нов случај на коронавирус, починаа осум лица

87 проценти од починатите од коронавирус изминатиот месец не биле вакцинирани

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 421 нов случај на коронавирус, оздравени се 395 пациенти, а пријавени се осум починати лица, информира Министерството за здравство.

Направени се 2.900 тестирања.

Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица: три од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно починато лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.

Можете да прочитате

Мама Вероника моли за помош за нејзиното предвреме родено бебе

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари