Утрински Весник
Македонија

Заврши привремениот престој во земјава за група Авганистанци, заминаа за Франција

Заврши привремениот престој во земјава за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, замина синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје. Прибежиште им обезбеди Франција, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

Северна Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што до сега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Можете да прочитате

Поврат на персоналниот данок за вработените мајки и измени во јавните набавки пред собраниската Комисија за финансирање и буџет

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа