Утрински Весник
Спорт

Фердинанд до газдите на Њукасл: Купувајте англиски фудбалери

Фердинанд до газдите на Њукасл: Купувајте англиски фудбалери

Њукасл јунајтед, со новите сопственици, подготвува офанзива во зимскиот преоден рок. Англиските медиуми тврдат, дека Њукасл, во јануари ќе потрошат 200 милиони фунти на нови играчи.

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Рио Фердиданд, ги советува новите газди како да ги трошат парите.

„Би се обидел да донесам неколку играчи, за кои сметам дека се лесно достапни“, рекол аналитичарот за „Скај спорт“ и дополнил.

„Би барал играчи каков што е Рахим Стерлинг. Не игра редовно, поради тоа би разговарал со него. Би тргнал и по Деклан Рајс. Тие би биле први на мојата листа. Потоа би тргнал по Џеси Лингард. Се ова делува нереално додека не ги прашаш луѓето дали сакаат да дојдат или не“.

„Нереални желби се фудбалери каков што е Килијан Мбапе. Јас би се насочил кон играчи кои не се стандардни во Јунајтед, Сити, Челси…Исто така би се обидел со млади англиски фудбалери, какви што се Макс Еронс и Конор Галагер. Ево им кажав уште две имиња“, порачал Фердинанд.

> Фердинанд до газдите на Њукасл: Купувајте англиски фудбалери <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027