Поранешниот француски премиер Едуар Филип денеска ја основа својата партија наречена „Хоризонти“, со цел да ја прошири поддршката за претседателот Емануел Макрон пред претседателските избори закажани за пролетта 2022 година.
Филип, кој е градоначалник на Авра на север, беше премиер од мај 2017 до јули 2020 година.
Тој пред неколку пратеници ги претстави основните насоки на новата партија и вети дека ќе го поддржи центристот Макрон доколку се кандидира на претседателските избори.
„Мојата цел во 2022 година е многу јасна, а тоа е претседателот Макрон да биде реизбран“, рече Филип, за кого многумина мислеа дека самиот ќе се кандидира за претседател.