Утрински Весник
Спорт

Ла Лига го одложи натпреварот Реал-Атлетик Билбао

Ла Лига го одложи натпреварот Реал-Атлетик Билбао

Ла Лига го одложи натпреварот Реал Мадрид-Атлетик Билбао. Дуелот од деветтото коло требаше да се одигра на 16.октомври.

Реал побара од лигата одложување на натпреварот бидејќи нема да биде комплетен за овој меч. Ден пред натпреварот, во Јужна Америка ќе се играат квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство.

Неколку играчи на Реал ќе играат за своите селекции (Едер Милитао, Винисиус жуниор, Феде Валверде).

Реал следниот меч ќе го одигра на 19.октомври против Шахтјор, во Лигата на шампионите, а потоа на 24.октомври ќе гостува кај Барселона.

Ла Лига дополнително ќе објави кога ќе биде одигран натпреварот Реал-Атлетик Билбао.

> Ла Лига го одложи натпреварот Реал-Атлетик Билбао <

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија